Фудбал

КАКО БИ СЕ СНАШЛА ТРОЈКАВА ДЕНЕС?

Компарациите на поставите на различни клубови од различни времиња се топ-тема на социјалните медиуми, па затоа ви подготвивме една за денеска, која се однесува на турската екипа Галатасарај.

Во обидот да состават компетитивен тим во дел од својата историја, челниците на турскиот клуб ги ангажираа трите големи имиња, кои рака на срце не беа баш во врвот на формата во тој период.

Фелипе Мело, Весли Снајдер и Дидие Дрогба – како би одговориле на денешниот предизвик, кога би биле во врвна форма и кога би играле заедно? Кои се нивните квалитети, а кои се слабостите?