Фудбал

ХАМБУРГЕР ЈА ИМА НАЈБИЗАРНАТА ФУДБАЛСКА ПРОСЛАВА ВО ИСТОРИЈАТА (ВИДЕО)

Не е ни за смеење, но не е ни за плачење. Фановите на Хамбургер ја имаа можеби најбизарната фудбалска прослава која беше предвремено расипана.

Што се случи? Хамбургер и Хајденхајм во последното коло решаваа кој ќе оди во првата Бундеслига, а кој ќе игра „мајсторка“ со третиот од позади во првата Бундеслига. И откако Хамбургер си ја заврши работата кај Сандхаузен со 0:1 уште од третата минута (така и заврши), Хајденхајм губеше на гости кај Регензбург со 2:1.

Судијата означи крај на гостувањето на Хамбургер, а навивачите влегоа во теренот да слават, иако натпреварот на Хајденхам не беше завршен се уште.

Секако, кој би верувал дека во судиско продолжение ќе постигнеш два гола? Гостите постигнаа гол во 93 минута од пенал за 2:2, но и со таков резултат не одеа директно во Бундслига бидејќи Хамбургер е повторно пред нив. И верувале или не, во 99 минута, Хајденхајм постигнува гол за 2:3 за расипување на славјето на теренот на Сандхаузен од погоре.

A еве како беше кога дознаа „славениците“. 🙂

Ќе извлечат поука?