КАКО ФУНКЦИОНИРА САУДИСКАТА ПЕРАЛНА ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА?
Објавено на: 25.05.2023
Ако некој се прашуваше зошто толку многу арапски пари се влеваат во англискиот фудбал, нека престане да се прашува, затоа што одговорот е – Арапите си ја најдоа новата финансиска мека за нивните „чисти“ пари.
Њукасл е во напредни преговори да потпише мултиумилионски спонзорски договор за главната позиција на дресот со еден саудиски субјект, компанија која се занимава со организирање на евенти, која се вика Села.
Ова е одлична идеја. – изјави сопственикот на Њукасл, Мохамед Бин Салам.
Потполно се согласувам. – изјави сопственикот на Села, Мохамед Бин Салам.
Ви стана јасно?
