ЈУНАЈТЕД САКА ДА ЈА ОГРАБИ ПОЛОВИНА ПРЕМИЕРЛИГА
Објавено на: 25.05.2023
Како и да заврши оваа сезона за црвената екипа од Манчестер, можеби спортските очекувања не се остварија и високиот пласман во англиското првенство се уште е далеку, но однадвор изгледа дека холандскиот стручњак успеа да ги смири внатрешните редови на организацијата.
Дали успеал во намерата, ќе видиме на стартот на следната сезона, која ќе биде негова втора и прва комплетна со целосна слобода во кроењето на екипата уште од стартот, односно од почетокот на летниот преоден рок што е есенцијално за еден тренер и за еден тим.

Неофицијално, според англиските медиуми, главните цели во трансфер-периодот ќе бидат:
Хари Кејн – Тотенхем
Деклан Рајс – Вест Хем
Мејсон Маунт – Челси
Првите двајца ќе бидат екстремно скапи, третиот можеби и нема да биде во плановите на новиот стратег на сините од Лондон, па ќе биде полесно да се купи. Дали ќе успее Ерик Тен Хаг во намерите и дали Јунајтед конечно ќе има сезона за паметење?