ДАРВИН ХЕМ МИСЛИ ДЕКА ЛЕЈКЕРС СЕ УШТЕ СЕ ЖИВИ?
Објавено на: 22.05.2023
Никој никогаш во долгата и богата историја на НБА лигата не успеал да се врати по негатива од 0:3 и да победи во рамките на една пле-оф серија која се игра на 4 победи од максимални 7 натпревари. Тоа е историскиот факт со кој ќе мора да се соочат играчите на најгламурознаа франшиза, покрај запалените Нагетс кои се наоѓаат на спротивната страна.
Се што можеш да направиш ти, јас можам подобро, е стилот на игра со кој екипата од Денвер му се спротивставува на ѕвездениот состав на тимот со 17 пехари. Едноставно, Јокиќ и компанија имаат одговор за се што ќе направат Леброн и дружината. Затоа водат со 3:0, со две победи на домашен терен и една на гостински. Четвртиот натпревар се игра во ЛА.

Дури и да победат и да намалат на 1:3, Лејкерс уште најмалку еднаш или двапати ќе треба да патуваат во Денвер, каде Нагетс царуваат и играат кошарка од друга планета. Играта во рекет и изнудувањето фаули им помогна на Лејкерс во дуелите со Голден Стејт Вориорс кои немаа(т) високи играчи да им се спротивстават, но со српскиот интернационалец приказната е поинаква.

Може ли Леброн да стигне до историја? тренерот на неговиот тим мисли дека може. А вие?