Фудбал

НАШИОТ УСПЕХ Е КАКО ИСУС ДА СЕ СИМНАЛ ВО РИМ И ДА СЕ ПРОШЕТАЛ ПО ВАТИКАН

Жозе Мурињо му контрираше на спортскиот директор на Рома, кој се вика Тиаго Пинто и доаѓа од истата таа Португалија од која потекнува стратегот на римската волчица. Да напоменеме, патем, дека знаеме за влакната на јазикот кои „специјалниот“ ги нема.

Зборовите на Мурињо, преведени и парафразирани, одат некако вака:

Кој рече дека примарната цел на Рома е да се пласира во Лигата на шампионите? Јас тоа го немам кажано. Секогаш се трудам да бидам чесен во изјавите, не сакам да продавам топла вода, никогаш не сум изјавил дека Рома е кандидат за место во Италија кое води во Лигата на шампионите.

Кога се натпреварувате во калчото со тимовите кои се пред нас, неодговорно е да се каже дека предмет на разговор е Лигата на шампионите. Јас тоа го немам сторено. Единственото нешто за кое ние се бориме во финалето, е финалето. Има тренери, играчи, клубови кои играат едно финале во нивните животи и се неизмерно среќни. Ние играме второ европско финале втора сезона по ред. Ова за мене е одлична сезона, без разлика на исходот во финалето во ЛЕ. За мене, сезоната е историска.

Со Пинто сме добри пријатели, но дозволено е да имаме различни мислења. Неговото мислење си е негов проблем. Може да ја пишуваме историјата и да продолжиме да го правиме тоа, но да зборуваме за ЛШ со 7 милиони евра потрошени на трансфер-пазарот, е еднакво на чудо. Тоа е исто како Исус да се симне во Рим и да се прошета по Ватикан.

Жозе Мурињо е специјален, нели?

*Ќе потсетиме дека победникот во финалето во ЛЕ, кое се игра на 31-ви мај на „Пушкаш арена“ во Будимпешта меѓу тимовите на Рома или Севиља, ќе обезбеди директно учество во ЛШ наредната сезона.