Фудбал

ЛИВЕРПУЛ ПОТВРДИ: ЧЕТВОРИЦАТА ЗАМИНУВААТ!

Во официјално соопштение пред неколку минути, екипата од Енфилд Роуд го потврди раскинувањето на соработката со дел од круцијалните фудбалери кои му ја донесоа славата на овој актуелен состав, кој се градеше скоро една деценија и освои по една англиска и европска титула.

Може да потврдиме дека Роберто Фирмино, Џејмс Милнер, Алекс Окслејд-Чембрлен и Наби Кеита нема да бидат дел од Ливерпул во наредната сезона, односно замимнуваат по истекот на нивните актуелни договори кои се на сила до крајот на натпреварувачката 2022/23 година. – се вели во соопштението.

Специјална посвета за сите нив ќе следува на Енфилд, со посебни понатамошни признанија се до крајот на сезоната, велат од Ливерпул. Можеа ли црвените да ги задржат легендите, или професионализмот едноставно си го зема данокот, без разлика на емоциите кои несомнено владеат меѓу симпатизерите?