ЗОШТО АЛЕКС ФЕРГУСОН Е НАЈДОБРИОТ ТРЕНЕР ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕРЛИГАШКИОТ ФУДБАЛ?
Објавено на: 18.05.2023
Чудно е што се се случува во светот на спортот, што се проаѓа како најдобро на сите времиња, што се е оценето како исконско, а постои само два дена, две години или три сезони. Многу брзо ги забораваме тројните европски титули на Реал, Баерн и Ајакс, големините како Кројф и Бекенбауер, неповторливите тимови на Милан, па и оној на Интер со нашиот Пандев, на Звезда со Панчев и слично.
И пред да се роди милениал генерацијата, се играше фудбал. И пред да се претвори спортот во машина која ја движат парите и неспортските мотиви, се играше фудбал. Фудбалот е игра измислена од сиромашните, а украдена од страна на богатите. Тоа е непобитен факт.

Еве неколку причини зошто Сер Алекс Фергусон е последниот чист тренер во историјата на англискиот фудбал и ќе остане таков за сите времиња, а со сите успеси кои ги извојува строго на теренот и во фудбалска смисла, може да се прогласи за најдобар:
Нема поврзаност со корупција.
Нема обвинувања на негово име.
Нема поврзаност со *sportswashing.
Само екстравагантна природна фудбалска генијалност за уникатниот фудбалски бисер, Сер Алекс Фергусон!
*Терминот нема превод, па ќе мора да побарате дефиниција на Google.