Фудбал

ТАТКОТО НА ХАЛAНД ИСФРЛЕН ОД САНТИЈАГО БЕРНАБЕУ

Една од главните цели на Кралскиот клуб, која не беше реализирана е потписот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Наместо градот на Кралевите и најтрофејната екипа на сите времиња, норвешкиот напаѓач реши да го засили тимот на Пеп Гвардиола во обидот да ја освои првата титула во Лигата на шампионите со поранешниот клуб на неговиот татко.

Еве што се случи на трибините на стадионот во шпанската престолнина на првиот меч од полуфиналниот двобој во ЛШ (1:1), во една од свечените ложи каде најчесто треба да седат господата на фудбалот и воопшто луѓе кои се пример за однесување во општеството. Обезбедувањето реагираше и го насочи таткото на Халанд вон боксот, а како што се шпекулира и вон стадионот:

Таткото на Ерлинг беше исфрлен од трибините на култниот стадион, поради, како што се вели во медиумите, фрлање храна врз навивачите на Реал и вербална пресметка со истите. Сепак, тој ја демантира оваа информација, иако не толку убедливо и рече (напиша) дека само малку си муабетеле тој и симпатизерите на 14-кратниот европски шампион:

Се поставува прашањето од каде ја донел оваа култура на навивање, повозрасниот Халанд? Прашање е дали се заразил со надменоста која владее во Сити, чиј тренер ги учи играчите дека со Барселона го уништил фудбалот во Шпанија и во Европа, па така и тие треба да го уништат во Англија и Европа. Знаеме дека Алф-Инге во играчките денови го повреди Рој Кин и потоа му се дереше над главата додека овој лежеше на тревата, а подоцна Кин му се одмазди и (како што неофицијално се тврди) му ја прекина кариерата со еден жесток старт.