АНРИ МУ ПРИЗНА НА МАЛДИНИ: СЕ ПЛАШЕВ ОД ТЕБЕ
Објавено на: 11.05.2023
Убаво е кога две легенди меѓусебно ќе си признаат дека имале огромна страв и почит кога се соочувале, 20 или 30 години подоцна, нели?
Така, вчера за време на пост-натпреварот помеѓу Милан и Интер, Тијери Анри кој работи како стручен аналитичар за CBS му откри мала тајна на легендата на росонерите и можеби нивниот најголем играч во историјата.
Анри се потсети на натпреварот од 120 минути за време на Светското првенство во Франција, кој галските петли го добија по пенали.
Сакам да ти кажам нешто многу важно, што никогаш до сега не сум имал можност да ти го соопштам
Започна Анри.
Игравме еден против друг во 98 година и нема да зборам за натпреварот бидејќи сега е небитен, туку за почитта која ја имам сега кон тебе. Кога ми соопштија дека треба дa настапам и да играм на десната навална страна, наеднаш ме облеа страв, бидејќи ти играше лев бек. Едноставно, ми беше премногу страв од таква величина како тебе. Сепак, тоа во исто време беше и привилегија за мене, бидејќи можев да поделам терен со таков човек каков што си ти. Ти го донесе победничкиот дух во Милан и ги направи тоа што се. Среќен сум што повторно си дел од тој тим.
На таквата изјава на Анри, возврати Малдини:
Искрено, и јас бев исплашен бидејќи морав да те чувам тебе. Така да и двајцата бевме исплашени на крајот.
Погледнете дел од разговорот:
This exchange between Thierry Henry and Paolo Maldini is pure gold. pic.twitter.com/rhFnvrMa3q
— CFC Central (@CFCCentral3) May 11, 2023