Фудбал

ЛЕАО ИМ СЕ ПРИДРУЖИ НА СОИГРАЧИТЕ ВО КАРАНТИН

Дилемата надвисната над Милано дали Рафаел Леао ќе заигра вечерва на првиот дуел помеѓу Милан и Интер е се уште нејасна, но пристигнувањето на Португалецот во хотелот каде што тимот на Милан е во карантин може да носи позитивен оптимизам кај сите фанови на росонерите.

Португалецот се повреди на натпреварот со Лацио во саботата и беше заменет во 11 минута. Од тогаш, топло-ладни беа најавите од таборот на миланезите околу неговиот евентуален настап.

На вчерашниот прес пред денешниот дуел, Стефано Пиоли изјави:

И јас ја гуглав повредата на Леао, бидејќи не ја знаев. Во текот на утрешниот ден, рано наутро ќе бидат направени последните проверки и доколку може да игра ќе започне од првата минута. Доколку не, воопшто нема да биде на клупата бидејќи не сакаме да ризикуваме.

Утрово, во хотелот пристигна целата екипа на Милан, без Леао кој остана во Миланело на проверки. Но пред еден час, најдобриот играч на Милан се појави во хотелот.

Според медиумите блиски до Милан, во моментов Пиоли, Леао и стручниот штаб одлучуваат дали тој ќе заигра вечерва од 21:00 часот.