ГВАРДИОЛА НЕМА ПОЗИТИВЕН РЕЗУЛТАТ БЕЗ КОНТРОВЕРЗИИ?
Објавено на: 10.05.2023
Освен можеби во Премиерлигата кога останатите екипи немаа(т) добри состави или во Примера кога Реал Мадрид беше на смена на генерации, Пеп Гвардиола постојано го следат контроверзии во битните натпревари во кои или по кои се освојуваат пехари. Дека не е најдобриот тренер на денешницата, покажа со атомскиот состав на Баерн Минхен со кој не освои ништо (битно, а тоа е ЛШ) на меѓународната сцена во три сезони поминати во Германија.
Да се потсетиме само на вечерта на 6-ти мај кога во Лондон против Челси, единствениот тим кој тогаш можеше и требаше да ја елиминира неговата „непобедлива“ Барселона, му беа простени 10-тина пенали и беше постигнат контроверзен гол со кој каталонската гордост со доцен погодок во гости помина понатаму и потоа ја освои титулата. Колку ли само се радуваа неговите играчи на оваа неспортска победа!

Португалскиот судија Соарез Диас имаше чуден критериум на мечот со Реал Мадрид во рамките на првите дуели од полуфиналето сезонава, во кој не досуди сериозни санкции за неколку стартови на играчите на Сити и им прости најмалку трипати играње со рака, во кое, иако рацете им беа блиску или прилепени за телото, играчите на Сити ја насочуваа топката таму каде што сакаа(т) и не би можеле поинаку, односно му попречуваа на природниот тек на играта.

Особено оставаат впечаток третото играње со рака (одлепена дланка) и потоа аутот по кој беше постигнат изедначувачкиот гол на Де Брујне, кој беше ремек дело само по себе, но дело на кое му претходеше криминален акт на судиите и ВАР собата. Правилата биле вакви, биле такви, се толкувале вака, се толкувале така. Судиите толкуваат онака како што сакаат и намерно или не, влијаат на играта. Со нетрпение чекаме во следната сезона, ВАР да добие инструкции токму овој случај да се разгледува, како и останатите спорни.

Со нетрпение го очекуваме и реваншот во Манчестер, скорот е 1:1, правилото гол на гостински терен веќе не важи…