ЛЕЈКЕРС ГИ РАСТУРААТ ВОРИОРС, ГО ИМААТ И НАЈДОБРИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ?
Објавено на: 09.05.2023
Иако еден од кошаркарите на актуелниот НБА шампион секогаш сака да се перчи дека е најдоброт одбранбен играч кој се појавил во историјата на НБА лигата, сепак она што се случува на терените, во реалноста, некако е сосема поинаква приказна.
Дрејмонд Грин не пропушта да каже, во ниту една прилика кога има шанса, дека тој е најдобар НБА дефанзивец на сите времиња и дека тој е еден од најзаслужните за 4-те прстени на династијата Вориорс, како што тој сака да го нарече тимот во кој игра.

Но, кога противниците се комплетни и здрави, како што тоа е случај годинава со Лос Анџелес Лејкерс, на составот на Голден Стејт не му оди баш најдобро, а така беше и низ минатите сезони. Ентони Дејвис го стави в џеб Стеф Кари, во решавачките моменти и тоа двапати по ред, што се гледа на следното видео:
here's the defense anthony davis played on steph for what turned out to be the warriors' final two shots pic.twitter.com/uvxb63Hnts
— Dan Favale (@danfavale) May 9, 2023
Лејкерс водат со огромни 3:1 по тримфот 104:101 и се на чекор до пласман во финалната серија на Западот. Според прикажаното, во моментов се далеку подобар тим од оној на Голден Стејт Вориорс. Кој е најдобриот дефанзивец во НБА, во моментов?