Фудбал

ДАЛИ ЛЕАО ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ИНТЕР? ОДГОВОР ДАДЕ ПИОЛИ

Милан без Рафаел Леао ќе биде значително ослабен во првиот дуел против Интер кој се игра за само 4 дена, доколку Португалецот не може да биде на располагање на Стефано Пиоли.

На денешниот натпревар против Лацио, португалскиот ас мораше да ја напушти играта во 11 минута, откако се пожали на болка во пределот на препоните. На негово место влезе Салемакерс, а тишината за момент го обзема Сан Сиро.

По завршување на натпреварот кој Милан го доби со 2:0, најдобриот играч на Милан беше во центарот на вниманието во изјавите кои Пиоли ги даде за медиумите.

Леао не изгледаше воопшто загрижен. Според мене, станува збор за замор. Ваквиот тим на проверки, мускулни, обично се прават ден потоа, затоа ќе имаме повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Португалецот има 12 гола и 7 асистенции за Милан и е можеби нивната најбитна алка за успехот кој до сега го бележи миланскиот тим.