Фудбал

ГОЛОТ НА ЧАЛХАНОГЛУ КАКО ВО СТАРИТЕ ДОБРИ ВРЕМИЊА (ВИДЕО)

Интер се чини дека ја пронајде посакуваната форма кон крајот на сезоната, кога им претстои жестока битка за пласман во најдобрите четири екипи во Италија, но и пред полуфиналните дуели со Милан во Лигата на шампионите.

Вечерва на полувреме водат со убедливи 0:3 против Верона, а еден „убавец“ од гол ни дојде меѓу трите на Интер и тоа од Хакан Чалханоглу. Турчинот од речиси 30 метри успеа да го изненади голманот на Верона и во аголот со изненадувачка опаѓачка линија на топката постигна вистински еврогол.

Погледнете: