Кошарка

ЛЕБРОН МУ ПОКАЖА НА КАРИ КОЈ Е КОЈ?

Лејкерс поведоа со 1:0 во плеј-оф соочувањето со Вориорс во рамките на Западната конференција, во полуфиналето, по победата на гостински терен со 112:117. Очекувана или не, победата на најгламурозната НБА франшиза, се случи.

Статистиката на клучните тројца играчи на Лејкерс, беше клучна за победата:

Ентони Дејвис – 30 поени, 23 скока, 5 асистенции, 4 блокади
Леброн Џејмс – 22 поена, 11 скока, 5 асистенции, 3 блокади
Д’Анџело Расел – 19 поени, 3 скока, 6 асистенции

Лејкерс функционираа во трите клучни реда – под кошот, од крило и во организацијата. Шутнаа 29, погодија 25 слободни. Вориорс имаа скромни 5/6 за еден поен, но погодија 21-на тројка. Докази дека олд-скул кошарката е подобра од ран-енд-ган?