Фудбал

НАЈПЛАТЕНИ – РОНАЛДО ИГРА ВО АРАБИЈА, ФЕДЕРЕР НЕ НИ ИГРА

Многу листи и случувања во светот на спортот изгледаат контрадикторно, но една остава голем знак прашалник над главите на љубителите на спортот. Најплатен спортист за 2023-та година е Кристијано Роналдо, а во топ 10 се наоѓа и Роџер Федерер кој не го пипна рекетот годинава.

Кристијано Роналдо игра во лигата на Саудиска Арабија, која е далеку од најквалитетниот фудбал и далеку од реалноста, и географски и според сите други перспективи. Лионел Меси кој се шета по теренот во дресот на ПСЖ е на втората позиција, Кевин Дјурант исто така си најде свое место…

Еве ја листата на угледниот и ценет медиум Форбс:

1. Cristiano Ronaldo – $136M
2. Lionel Messi – $130M
3. Kylian Mbappé – $120M
4. LeBron James – $119.5M
5. Canelo Álvarez – $110M
6. Dustin Johnson – $107M
7. Phil Mickelson – $106M
8. Stephen Curry – $100.4M
9. Roger Federer – $95.1M
10. Kevin Durant – $89.1M

Има тука (подолу од Топ 10) уште многу играчи кои воопшто не играа и немаа значителен резултата во изминатата година, ниту пак оваа, ниту пак сезонава која се протега во 2022-та и 2023-та година. Како и зошто се вака рангирани спортистите?