Фудбал

ВАКА ЛИ ПОБЕДУВА ЛИВЕРПУЛ?

Една слика, илјада зборови. Еден потег, го реши натпреварот. Голот на Диого Жота беше вистинска магија од домашните, се најде во вистинско време на вистинско место и го искористи киксот на Лукас Моура кој му подари асистенција за 4:3 во дополнителното време.

Но, требаше ли Диого Жота да биде на теренот во тој период од играта?

За овој фаул над Оливер Скип кој мораше да излезе бидејќи беше повреден, од ударот во главата, играчот на Ливерпул доби само жолт картон. Секој удар во глава се казнува со црвен, без разлика на интензитетот.

Чиста ли е победата на редс?