Фудбал

АРСЕНАЛ, ВСУШНОСТ, ИМА УПЛАВ ОД СИТИ?

Манчестер Сити е огромен фаворит во соочувањето кое може да ја реши титулата во Англија, против Арсенал само поради една причина – поради психолошкиот момент кој владее во редовите на екипата од Лондон.

Сити има победи на последните 7 соочувања со лидерот Арсенал и ако победи вечерва, ќе има само два бода негатива на табелата со два натпревара помалку. На Емирати, последниот дуел заврши со 1:3 за Сити.

Сепак, во вкупниот број победи води Арсенал. Во 207 меча, топџиите имаат 98 победи, а Сити има 64, 45 средни завршиле реми. Арсенал има и повеќе постигнати голови во меѓусебните дуели, од Сити.

Дури и во Премиерлигата од 1992-та, Арсенал има повеќе победи (23, 18 порази), но има помалку титули. Што е проблемот со ростерот на Артета, кога ќе истрча на теренот против составот на Гвардиола?