ОВА ЛИ Е НОВИОТ ЧЕЛСИ? СИГУРНО НЕ Е ОНОЈ ШТО ГО ЗНАЕМЕ
Објавено на: 27.04.2023
Лондонската екипа потроши околу 666 милиони евра во последните два трансфер-прозорци. Во моментов е на 11-та позиција во Англија. Нема победа на 8 натпревари по ред. Тоа е најлошата серија на сините по 1993-та година. Расфрлањето пари не е карактеристика на која сме научени кога се работи за Челси. Да, се трошеа, но наменски и прецизно.
Со цел да им се приближи на другите премиерлигашки гиганти, Роман Абрамович го доведе Мурињo кој бараше играчи со цел да направи тим. Затоа што ги бираше како на тезга, тие чинеа многу, но ниту еден не чинеше премногу и сите беа одлични засилувања и фудбалери „на место“.

Како би ја опишале првата сезона на Тод Боели, како сопственик на Челси?