Фудбал

ЈУВЕНТУС НА КРАЈ НЕМА ДА ИГРА ЛИГА НА ШАМПИОНИ?

Она што италијанскиот спортски суд не може да го докаже, очигледно може да го докаже УЕФА која според последните новинарски дојави се подготвува да му забрани на Јувентус да игра во Европските натпреварувања.

Италијанскиот Газета дело спорт во денешното издание објавува дека фалсификувањето на финансиските извештаји од страна на италијанскиот тим нема да помине неказнето, барем не од УЕФА која има доволно докази за кршењето на Фер плеј правилото.

Ова нема да му биде прва казна на торинскиот клуб од УЕФА, кој е веќе казнет во Септември 2022 година со 3,5 милиони евра и потпишување на спогодби според кои тие избегнале поголема казна од 19,5 милиони евра. Европската куќа на фудбалот ваквите докази нема да ги препушти на италијанските судови и самата ќе пресуди со што ќе му забрани на Јувентус да игра во Лигата на шампионите. Одлуката се очекува да биде донесена најдоцна до Август, а истата ќе биде на штета на клубот од Торино.

Сагата продолжува, но иако на Јувентус им беа вратени 15 бодови, сепак можеби на крајот „победата ќе биде пирова“.