ЧЕФЕРИН ЈА СЕЛИ ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ВО САД
Објавено на: 25.04.2023
На светот на спортот не му се непознати номадски одиграните натпревари од силните лиги, како што се на пример НБА натпреварите кои се играат во Европа или Куп-мечевите од Италија и Шпанија кои се играат на Блискиот исток.
Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин изјави дека е можно од сезоната 2025/26 дел од резултатски значајните натпревари од Лигата на шампионите да се играат на тлото на САД.

Ова најверојатно би се правело со цел да се добие на популарност кај публиката преку Океанот и да се испита тлото за нов маркетиншки пазар, од каде би се црпеле дополнителни средства од пропратните елементи кои го следат фудбалот.
Дали комерцијалниот момент ја уништува убавината на спортот?