Кошарка

ГАЛАМЏИЈАТА БРУКС ГО УДРИ ЛЕБРОН ВО НЕЗГОДНО МЕСТО

Ентони Дејвис постигна 31 поен со 17 скока, Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 25 поени за водство на Лејкерс 2:1 во првата плеј-оф рунда против Мемфис.

Триумфот 111:101 на домашната екипа, гоодбележа непријатен потег на гостинскиот кошаркар Дилон Брукс кој беше исклучен затоа што го удри леброн Џејмс во „фрагилен“ дел од телото:

Ова не е првпат Брукс да игра агресивно на Леброн, а патем и постојано го навредува и го омаловажува во изјавите за медиумите. Сака да си направи име на туѓа сметка?