Фудбал

КОЈА Е ТАЈНАТА НА ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ, ЗА УСПЕХОТ НА РЕАЛ?

Шпанскиот фудбалски газда е успешен во бизнисот исто колку што е успешен во фудбалот, или обратно. Како и да свртиме, околу него е само успех, на сите полиња во професионаната сфера.

Во една од последните анализи за првиот човек на најтрофејниот светски фудбалски клуб, шпанските медиуми велат:

Клучниот момент за титулите на Реал Мдрид е односот на Флорентино Перез со тренерите на клубот, односно валоризацијата на нивниот оснос кон играчите. Тој не трпи тренери кои се блиски со фудбалерите, како што беше Мурињо.

Од друга страна, не можеше ништо да стори со Зинедин Зидан, кој беше како постар брат за играчите, кои со него жнееја трофеи. Перез едноставно не трпи тренери кои не му носат титули, особено титулите кои му се омилени – во ЛШ и Ла Лига.

Перез сака тренери кои имаат цррста рака. Колку такви знаете, што подолго време седеле на клупата на Кралскиот клуб?