Фудбал

КОЈ Е НАЈУНИВЕРЗАЛНИОТ ФУДБАЛЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА?

Прашање кое едноставно нема универзален одговор, но може да се обидеме да го одговориме – кој е фудбалерот кој ги исполнува сите стандарди за еден современ играч, за разновиден играч и за неуморен играч?

Услови:

– Човечки квалитети
– Стабилен карактер
– Кроток темперамент
– Без скандали во кариерата
– Технички поткован
– Тркачка машина
– Офанзивни карактеристики
– Дефанзивни карактеристики
– Ретко отсутен од теренот
– Секогаш присутен во борба
– Стрелец на голови
– Асистент на голови
– Поткрепа на соиграчите
– Сигурност кај тренерот

Во игра влегуваат современи фудбалери, но може да се спомене и некое име од минатото, поблиското или подалечното. Имате некого на ум?