Кошарка

БАРКЛИ – ЛЕБРОН Е НАЈГОЛЕМАТА ПРИКАЗНА ВО ИСТОРИЈАТА НА СПОРТОТ

Кошаркарскиот аналитичар на ЕСПН и некогашен кошаркар во НБА лигата, почна нова полемика околу најдобриот играч на сите времиња, откако се скара со некогаш најдобриот пријател Мајкл Џордан.

Чарлс Баркли изјави дека Џордан не работел добро со Хорнетс, откако се појави информација дека МЏ сака да ја продаде франшизата, на што популарната 23-ка одговори со тишина и овие двајца веќе не зборуваат.

Нема ниту еден скандал. Леброн е број 1 од првиот ден во НБА лигата. Почна на 18 години, а 20 години подоцна стана најдобриот стрелец на сите времиња. Да бидеш најдобар од првиот ден и никогаш да не се „лизнеш“, тоа е најголемата приказна во историјата на спортот.

Полемиката ќе биде вечна. Џордан никогаш не кажал за себе дека е најдобар, додека Леброн знае често да го каже тоа. Џордан има 6:0 во финалињата, но Леброн има 10 последователни финалиња со 4 победи, со тимови далеку послаби од оној на МЏ.

Може ли да се процени кој е најдобар на сите времиња, или треба да се остави секоја ера да „извади“ свој херој?