Фудбал

20 МИЛИОНИ ФУНТИ ГО ДЕЛАТ САНЧО ОД ОЛД ТРАФОРД

Џејдон Санчо во претходните два летни трансфер периоди беше секогаш број 1 метата на Вудворд и црвените ѓаволи, но Англичанецот никако не успеа да го напушти Сигнал Идуна Паркот.

Според пишувањата на британскиот Атлетик, преговорите се рестартирани, а ова лето Германците се многу повеќе расположени за договор со Манчестер Јунајтед. Како што пишува добро упатениот извор, 20 милиони фунти е разликата помеѓу она што бара Дортмунд и она што го нуди Јунајтед, но таа разлика лесно би била надмината со дополнителни бонусни клаузули.

За потсетување, Манчестер Јунајтед лани не ги задоволија барањата на Дортмунд кои бараат 110 милиони фунти за 21 годишниот напаѓач.