Фудбал

(ВИДЕО) И ТУРПАН Е НА СПИСОКОТ НА ПЛАТЕНИ СУДИИ НА БАРСЕЛОНА?

Францускиот арбитар веќе ја направи интересна средбата на Олд Трафорд, реваншот во 1/16 финалето во Лига Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона:

Бруно Фернандеш дури го допре Балде, кој одлично се вклопува во вековната традиционална игра на Барселона, па падна како да го удрил автобус и беше досуден пенал. Ваков пик-енд-рол (јас ќе паднам, ти досуди пенал) не играа ни Стоктон и Мелоун на времето.

Гостите водат со 0:1, првиот меч на Камп Ноу заврши со резултат 2:2. Барселона најверојатно ќе биде под истрага за обвинувања (кои не се потврдени) дека од 2001-та година има уплатено преку 7 милиони евра на фирми блиски до судии…