Фудбал

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: КЕПА ОДБИ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ИГРА

Пред четири години, шпанскиот голман одби да биде заменет во финалето на Лига Купот на Англија, откако тренерот Маурицио Сари помисли дека е повреден и во игра ја прати замената Вили Кабаљеро.

Манчестер Сити победи на пенали 4:3 (0:0), но во книгите на историјата останува запишан следниот момент, за кој Кепа беше казнет со еднонеделна плата од страна на раководството на Челси:

Италијанскиот стратег Маурицио Сари и голманот Кепа Аризабалага се извинија и изјавија дека целата ситуација била недоразбирање. Како јавноста, односно вие, го видовте овој потег?