Фудбал

КОШКАЊЕТО МЕЃУ ДЕ БРУЈНЕ И АРТЕТА И ДОЖД ОД ШИШИЊА ЗА КРАЈ (ВИДЕО)

Страстите на Емирати беа онакви како што доликува на големо дерби, во дуел помеѓу два тима кои се борат за титулата во Премиер лигата.

Доказ за тоа е кошкањето помеѓу Де Брујне и Артета, тренерот на Арсенал кој сакаше да го забави Белгиецот во изведување на аутот.

Белгиецот беше играч на натпреварот, постигнувајќи гол и асистирајќи до Халанд за 1:3, резултат со кој граѓаните се израмнија на табелата со топчиите, иако Арсенал има натпревар помалку од Сити.

На крајот, по замената на Де Брујне со Филипс, главниот играч за врска на Манчестер Сити доби низа од шишиња со вода фрлени кон него, на кои тој само се насмевна провоцирајќи ги со насмевка на лицето.