Фудбал

ФАМИЛИЈАТА МЕСИ МИСЛИ ДЕКА ЈА ПОСЕДУВА БАРСА?

Да се поистоветуваш со клуб, е во ред. Да се сметаш себеси дел од нечија историја, и тоа е во ред. Да мислиш дека без тебе немало да се случат некои резултати, е прифатливо. Но, да омаловажуваш една цела институција, е тоа никако не може да биде во ред.

Братот на Лионел, Матијас Меси изјави дека пред неговиот брат да заигра на Камп Ноу, никој не знаел дека постои Барселона. Тоа е одлика на сите „модерни“ познавачи на фудбалот, кои мислат дека од нив почнува животот и со нив ќе дојде крајот на светот.

Ако не ја демантира оваа изјава на неговиот брат, тогаш и Лионел Меси го дели истото мислење и не заслужува да биде култ во Каталонија, каков што го создадоа верните навивачи на Барселона. Оваа институција царува во многу спортски категории, од ракомет, кошарка, фудбал и други спортови.

Пред да се појави Меси, Барселона постојано беше во фудбалскиот врв, но успеа само еднаш да се искачи на континенталниот Олимп со голот на Куман во финалето во ЛШ во 1992-та година против Сампдорија, иако беше постигнат од, рака на срце, сомнителен фаул, односно слободен удар кој за холандскиот интернационалец беше практично пенал, познавајќи го неговиот топовски удар.

Со овие зборови на фамилијата Меси, се ништи учинокот на Јохан Кројф кој се смета за татко на модерниот фудбал. Се ништат сите претходници кои лееле крв, пот и солзи за светиот дрес. Во најмала рака, оваа изјава е срамна, се согласувате?