СНАЈДЕР ШИРИ НАЦИОНАЛНА НЕТРПЕЛИВОСТ?
Објавено на: 28.01.2023
Организацијата Ајакс со децении наназад е позната по хиперпродукција на играчи, кои завршуваат во големите европски клубови и освојуваат бројни трофеи. Еден од продуктите на најтрофејниот холандски клуб, е Весли Снајдер кој имаше контроверзна изјава за актуелната состојба во тимот од Амстердам.

Треба да се тргне Душан Тадиќ (кој е капитен и миленик на навивачите) од екипата, на Беси да му се даде билет во еден правец за да се врати од каде дошол, а потоа да се врати самодовербата на екипата.
Не сум љубител на играта на Алварес и Санчес кои се Мексиканци, а нивните сонародници во мојот инбокс праќаат пораки на незадоволство од нивната игра. – изјави Снајдер, поранешниот фудбалер на Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа.

Ајакс врза седум меча без победа што е најлоша низа на европскиот гигант, по периодот од 60-тите години во минатиот век. Моментално, најтрофејниот холандски колектив е без тренер и се бара име кое ќе може да се справи со кризата во која западна култниот фудбалски клуб.
