МОЖЕБИ ИМААТ ИСТИ ФРИЗУРИ, НО ТЕШКО Е ВО ПАТИКИТЕ НА ТЕН ХАГ
Објавено на: 27.01.2023
Кога твоjата екипа ќе забележи катастрофална серија без победа на седум последователни натпревари во домашниот шампионат, особено ако тоа се случува со најтрофејниот клуб во една земја кој руши неславен рекорд од сезоната 1964/65, тогаш следува отказ.

По реми исходот со Волендам (1:1) падна главата на тренерот на Ајакс, Алфред Шредер кој седна на столчето на Ерик Тен Хаг:
Договорот беше валиден до 30-ти јуни 2024 година. Загубени бодови и слабата игра и конструкција на тимот се причините за отказот. – кратко соопштија од Ајакс.
Тен Хаг навреме избега од Ајакс, или Алфред Шредер не можеше да ги повтори неговите успеси?