Фудбал

ЗОШТО ГАЗДИТЕ НА СИТИ УШТЕ ГО ДРЖАТ ГВАРДИОЛА?

На една од прес-конференциите на тренерот, односно менаџерот на актуелниот шампион на Англија во Премиерлигата, се случи бизарна ситуација, во која главна улога имаше токму контроверзниот стратег на сината екипа од Манчестер.

Без грам срам, тој го кажа следното:

Секогаш кога ќе постигневме гол, додека Микел Артета беше дел од Манчестер Сити тој се радуваше на клупата, освен против Арсенал, па си помислив – овој човек го сака Арсенал. Така е и со мене, ако ми се јави Барселона веднаш заминувам, без разлика дали сум под договор или не. Барселона е мојот клуб. – се зборовите на Пеп Гвардиола.

Светецот од Каталонија, кој се перчи со титулите освоени во времето кога каталонската гордост беше единствениот клуб кој имаше своја природно изградена екипа меѓу сите европски гиганти и кој освојува(ше) титули со Сити во ситуација на вложени милијарди со наследен костур од претходно, даде изјава за која управата и фановите на бледо-сините треба да се подзамислат… или не?

Во првата година кога Баерн Минхен потскрпи некаков респектабилен состав, го здроби тимот на Пеп со 4:0 и 0:3. Во првата сезона кога дојде во редовите на тогаш европскиот шампион Баерн Минхен, Гвардиола успеа да урне се што градеа Хајнкес и неговите претходници. Има уште многу вакви примери за овој ист тренер.

Толку од неговите вонсериски тренерски квалитети, или се лажеме?