Тенис

НОЛЕ УДРИ ПО РАФА – ЈАС СЕ ПРЕПРАВАМ, А ТОЈ НЕ?

Животот на професионалните спортисти е суров, во таа пеколна средина нема простор за импровизација. Освен, се разбира, ако зад тебе не стои цела медиумска машинерија, како зад некои спортитси и спортски колективи, клубови и репрезентации, кои ги познаваме. Има и такви, кои се многу реални и се оцрнети поради тоа, истио како што е случајот со Ноле:

Новак Ѓоковиќ, и покрај 21 освоен Грен слем турнир во кариерата, се уште е на удар на критичарите ширум не-православниот европски и делумно северноамериканскиот „свет“. Ова не е никаква религиозна констатација, туку реална вистина со која се соочуваат и српскиот тенисер и неутралните љубители на спортот, кои едноставно сакаат да гледаат тенис:

Западните медиуми водат константна хајка против него, или поточно водеа негативна пропаганда на големо, но кога увидоа дека и од т.н. некогашен источен блок може да се појави голем спортист, си легнаа на брашно. Читај Еуроспорт, ББС и останатите големи медиумски куќи. Останува уште по некој, а за нив, Ѓоковиќ има одговор:

Секогаш кога станува збор за моја повреда, констатацијата е дека јас се преправам. Дека глумам, дека не ми е ништо.

Сите оние кои се сомневаат, нека продолжат, тука не можам да помогнам. Но, некој друг постојано е жртва, а јас сум лошото момче. Знаете за кого зборувам.

Ѓоковиќ игра на актуелниот Аустралиан Опен, во атак на 10-та титула, со повреда на задната ложа. Во минатото често знаеше да предаде меч поради повреда. Најчесто беше исвиркуван поради тоа. Дали е во право Новак Ѓоковиќ, со оваа негова изјава?