Тенис

НА РУБЉЕВ МУ ИЗВАДИЈА УКРАИНСКИ ЗНАМИЊА, ТОЈ РЕАГИРАШЕ КАКО ПРАВ ГОСПОДИН (ВИДЕО)

Војната помеѓу Украина и Русија е присутна речиси насекаде низ светот, па така натпреварот на Рубљев против Еванс утрово не беше исклучок, ниту во далечниот Мелбурн.

Украински фанови со знамиња на Украина се обидоа да го провоцираат рускиот тенисер, кој не оддолеа да му се пожали на судијата. Кога тој се упати кон него, судијата забележа дека фановите од трибините ги веат украинските знамиња и им нареди да ги тргнат. На тоа реагираше Андреј Рубљев, кој му посочи на судијата дека знамињата не се воопшто проблем, туку нивното довикување кога тој сервира или оди на удар на топката.

Од Еуроспорт, кои се глобални пренесувачи на првиот Гренд Слем во годината се навратија на претходната сезона, кога откако започна војната во Украина, Русинот на камерата напиша:

Запрете ја војната, ве молам.

Голем гест од Русинот со кој се надеваме дека ќе има оладчувачки ефект на вжештените глави помеѓу Русите и Украинците. За потсетување, руските и белоруските знамиња се забранети да се внесат на трибините во Мелбурн, иако настапуваат тенисер(к)и од двете земји.