ПРОМЕНА НА ТЕЖАТА – АРАПИТЕ ЈА КУПУВААТ (И) ФОРМУЛА 1?
Објавено на: 21.01.2023
Како да им е малку што влегоа во скоро сите големи европски фудбалски клубови, сега се ориентирани и кон најгламурозната автомобилистичка спортска организација – Формула 1. Една од трките се одржува во градот Џеда, во Саудиска Арабија.

Актуелните сопственици Либерти Медиа ја купија Ф1 платформата од Берни Еклстон во 2017-та година за 4 милијарди долари. Сега, на маса имаат понуда од вртоглави 18.5 милијарди, која доаѓа, погодувате, токму од субјекти со потекло од Саудиска Арабија.

Американските газди свесно или несвесно ги одбиле сите понуди од шеиците. Прашање е на време до кога ќе одолеваат на понудите во кои парите „не се проблем“ и „немаат вредност“. Џеда останува во календарот на Формула 1, најмалку до 2027-та година.