Кошарка

ЌЕ СЕ СТЕПАА ТАТКОТО НА МОРАНТ И ПРОФЕСИОНАЛЕН „ФУДБАЛЕР“

На трибините за време на мечот меѓу Лејкерс и Гризлис во ЛА, се случи вербален инцидент кој лесно можеше да прерасне во сериозна тепачка, ако не интервенираа судиите, обезбедувањето и други присутни задолжени за безбедноста во НБА арените.

Таткото на Џа Морант од Мемфис, поранешниот непрофесионален кошаркар Ти Морант и поранешната НФЛ ѕвезда со три шампионски прстени, Шанон Шарп разменија неколку жешки зборови крај аут линијата. Никој не беше избркан од салата и немаше размена на удари.

Од приложените видеа може да се добие впечаток дека НФЛ ѕвездата го иницира инцидентот, но за секое танго се потребни двајца. На крајот на целата оваа сапуница во Крипто Арена во Лос Анџелес, Лејкерс победија со 122:121, а на трибинте се смирија страстите.