ЃОКОВИЌ СЕ ВРАТИ НАВРЕМЕ ОД ТОАЛЕТ И ИЗБЕГНА ЕЛИМИНАЦИЈА
Објавено на: 17.01.2023
Српскиот тенисер самоволно си зема тајм-аут што беше еден од најбрзите за користење на тоалетот во историјата на тенисот, по само 25 минути игра во првиот настап на Аустралиан Опен.
When you’ve got to go, you’ve got to go 🤷🏻♂️🚽@DjokerNole | #AusOpen pic.twitter.com/Oiid5meZ8Z
— Live Tennis (@livetennis) January 17, 2023
Морам да одам до тоалет, морам да одам до тоалет! – викаше Новак кон судијата Орели Торт, која не го слушна, а тој излета од теренот и влета право во подтрибинскиот простор.

Новак го изигнорира и членот на обезбедувањето, кој се стрча по него кон тоалетот. За среќа, избегна елиминација затоа што арбитарот на стол издаде предупредување, но Ѓоковиќ се врати на време на теренот.