Фудбал

КОЛКУ ВРЕДИ ЈУНАЈТЕД? ГЛЕЈЗЕРСИ ЌЕ СЕ ОБОГАТАТ?

Ако клуб како Челси беше продаден за 2,5 билиони фунти со обврска да се потрошат уште 1,7 билиони за развој на инфраструктурата на клубот, односно дополнителни средства со цел да се задржи квалитетот на составот поради што новите сопственици не знаат кого попрво да купат и фрлаат невидени пари, тогаш Манчестер Јунајтед чини најмалку двојно повеќе.

Пред 18 години, американската фамилија Глејзер го начека Јунајтед на пазарот, затоа што таков клуб не е на продажба секој ден и за него плати околу 700 милиони фунти, од кои 500 беа заем. Сега, скоро две децении подоцна, без некои спектакуларно знчајни резултати во втората деценија од владеењето, може да го продаде за спомената цифра меѓу 5 и 10 милијарди фунти.

Економските експерти во Англија велат дека сумата ќе биде поблиску до 5 милијарди, отколку до 10. Но, нека е и 6, тоа ќе значи 5 милијарди заработка за 18 години. Последните три години, фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед пријавува долг на крајот на секоја и најверојатно затоа ќе оди на продажба. Долгот само во 2022-та година, беше пријавен на 115 милиони фунти.

Вкупниот долг кој го носи на контото овој англиски клуб, изнесува нешто повеќе од 500 милиони фунти. Сепак, простата математика вели дека милијардите се повеќе од милионите, или се лажеме?