Кошарка

ТРИТЕ ГОЛА ВО МРЕЖАТА НА РЕАЛ СЕ НАЈАВА ЗА ХЕТ-ТРИК ТИТУЛИ НА БАРСЕЛОНА?

Каталонците конечно го совладаа Кралскиот клуб во еден голем натпревар кој нешто значи на резултатски план, по подолго време и најавуваат атак на сите трофеи во натпреварувањата на Иберискиот полуостров. Освоен е Суперкупот во Ел Класико финале со 3:1, со головте на Гави, Левандовски и Педри, а почесниот гол за Реал го постигна Бензема.

Дали убедливата победата во шпанскиот Суперкуп, значи и најава за нова доминација на Барса со пехари во шпанското првенство, во кое има три бода предност пред мадриѓаните и во Купот на Шпанија, каде на 19-ти јануари 2023 овие две екипи ги играат следните мечеви од 1/16-финалето – Реал против Виљареал, а Барселона против нисколигашот Сеута?