Фудбал

ГАВИ ЛИ Е, КРОЈФ ЛИ Е?

Освен што Чави го освои првиот трофеј во тренерската кариера на клупата на каталонскиот фудбалски клуб, уште едно име испиша историја со настапот во финалето на Суперкупот кој се одигра во Саудиска Арабија, а кој заврши со триумф на Барса со 3:1 против Реал Мадрид.

Гави го отвори резултатот, а потоа кумуваше и при другите два гола, што значи дека 18-годишниот шпански репрезентативец зад своето име запиша гол и две асистенции, учинок кој во „Ел Класико“ претходно му успеал само на легендарниот „каталонец“ Јохан Кројф во 1974-та година.

Нова доминација чука на вратата на шпанскиот фудбал?