Фудбал

ДАЛИ ВАР МУ ПОМОГНА НА ЈУНАЈТЕД ЗА ИЗРАМНУВАЧКИОТ ГОЛ? (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед успеа за 5 минути да им даде 2 гола на Манчестер Сити и во целост да го сврти резултатот на Олд Трафорд. Но по постигнувањето на голот за израмнување за 1:1, се поставија големи дилеми на социјалните мрежи дали судијата требаше да остане на одлуката дека голот е во офсајд?

Касемиро упати долг пас кон Рашфорд кој беше во офсајд, но тој не играше со топката и ја остави до Бруно Фернандеш кој го постигна голот.

Дали судијата требаше да досуди офсајд бидејќи топката беше уплатена кон Рашфорд, бидејќи така влијаеше на играта, оставаме на вас да процените.