МУДРИК ПРЕТСТАВЕН НА СТЕМФОРД (ВИДЕО)
Објавено на: 15.01.2023
Најновото засилување и најскапото во ерата на Тод Боели беше претставен пред денешниот натпревар на Челси со Кристал Палас.
Сините од Лондон успеаја да го совладаат Арсенал во градското дерби по потписот на младиот украински талент од Шахтјор Доњецк за цена од 100 милиони евра. Иако „топчиите“ беа во предност и трансферот речиси беше договорен да се реализира на Емирати, Челси успеа да му понуди и на клубот и на него понуда која не се одбива. Според шпекулациите, главната улога ја одиграл Бедад Егбали, ко-сопственикот на клубот.
Украинскиот крилен играч ќе биде 11 засилување во ерата на Тод Боели, а сините се приближуваат до речиси половина милијарда долари потрошени од летото до денес.
Join us in welcoming our new number 15, Mykhailo Mudryk! 👏 pic.twitter.com/QiNPzWPNFY
— Chelsea FC (@ChelseaFC) January 15, 2023
Михајло Мудрик со овации беше пречекан пред домашната публика на Стемфорд Бриџ, а дали ќе ги оправда очекувањата останува да видиме од следниот натпревар.