СПАЛЕТИ СЕ „УБИ“ БРКАЈЌИ ГО АЛЕГРИ ЗА ДА СЕ ПОЗДРАВАТ
Објавено на: 14.01.2023
Наполи го прегази Јувентус со 5:1 во рамките на 18-то коло во италијанското фудбалско првенство, со што избега на 10 бода позитива пред Милан во битката за титулата, со 47.
Миланезите имаат меч помалку, а на -10 се и бјанконерите од 18 одиграни дуели. По завршувањето на големото дерби, Спалети го бркаше Алегри за „тренерски“ да се поздрават:
Ma perché non l'ha chiamato? Ahaha pic.twitter.com/b25Uyj791T
— CIRO Luis Nazario BORINI (@ciroaleroby4) January 13, 2023
За нас најинтересно беше што Елиф Елмас постигна прекрасен гол за конечниот резултат, но не копка и што ли довикнуваше Лучијано Спалети додека „го бркаше“ Масимилијано Алегри?