ДОНЧИЌ ДВАПАТИ ИМ ПРЕСУДИ НА ЛЕЈКЕРС
Објавено на: 14.01.2023
Словенечкиот интернационалец одигра уште една маестрална партија со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции, за победа на Маверикс против домаќинот во ЛА со 115:119.
Особено беа впечатливи неговите две тројки за изедначување на резултатот во регуларниот дел од времето, односно на крајот на првото продолжение. Лука одигра 53 минути, во кои стигна и да „се закачи“ со Расел Вестбрук:
По мечот, со оглед на тоа дека е намладиот поентер кој успеал да стигне до 8.000 поени во НБА кариерата, прашан дали ќе го брка рекордот за најмногу поени во кариерата на Џабар, односно најверојатно на 38-годишниот Леброн Џејмс кој сезонава може да постави нова граница, Дончиќ изјави:
За 20 години? Каде ќе бидам? Најверојатно на некоја фарма во Словенија. Не планирам толку долго да играм кошарка.