ЛЕБРОН ВО ГОЛДЕН СТЕЈТ Е (НАЈ)РЕАЛНА ОПЦИЈА
Објавено на: 11.01.2023
Еден од извршните или генерални менаџери на НБА франшизите, тврди дека трејд меѓу Лејкерс и Вориорс за најдобриот кошаркар на денешницата е многу реална опција, односно најреалното сценарио, ако дојде до предметот „размена“ кога станува збор за Кралот.

Сезоната 2022/23 е една од најнепредвидливите и според тоа, не се знае што носи денот. Вориорс не играат според очекувањата, Лејкерс играат под своето ниво. Реномирани американски медиуми јавуваат дека пол-позиција за аквизиција на Џејмс имаат токму Вориорс.
Голден Стејт има најмногу шанси да го добие Леброн, затоа што има многу потенцијал во своите редови. Џордан Пул е магнетот кој би можел да послужи како мамка за најгламурозната франшиза, но и Ендрју Вигинс, која на тој начин би го загубила возрасниот суперстар, но би добила силен адут за иднината. Во игра се и Џејмс Визман, Џонатан Куминга, Мозес Муди или Пет Болдвин. – се зборовите на неименуваниот извршен офицер на една од НБА организациите, или кај нас познати како „клубови“.
Леброн Џејмс неколку пати ја искажуваше својата верност кон Лејкерс, но и незадоволството од пасивноста на менаџментот во однос на потпишување со играчи кои би биле поддршка за уште една титула. Уште еден прстен во колекцијата и настап со неговиот син, како и надминување на славниот рекорд на Карим Абдул-Џабар за најмногу поени во историјата, се актуелните три водилки во кариерата на Кралот.

Освен во Лејкерс, тоа може да го стори и во Вориорс, а неодамна изјави дека единствен играч од модерната ера, со кој би сакал да игра, е Стеф Кари. За евентуален ваков трејд, освен франшизите се прашуваат и Леброн Џејмс и Џордан Пул, кои имаат активни договори. Моментално, Леброн и Дјурант водат во гласањето за членови на Ол-Стар петорките, а нам ни останува да видиме дали има вистина во овие сериозни шпекулации.