Фудбал

НА НЕКОИ ИГРАЧИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ ДРУГИ ЗА ДА БИДАТ ГОЛЕМИ, НА РОНАЛДО МУ ТРЕБА САМО ТОПКАТА

Вечната дилема и полемика околу најдобриот играч на сите времиња е беспредметна, поради условите и околностите во кои различни играчи настапуваат во различните ери. Модерната расправа се води околу две имиња – Роналдо и Меси.

Ниту може да се докаже кој е подобар, ниту може да се докаже кој е најдобар на сите времиња. Може само да се каже дали играчот е врвна класа или не е. Двајцата сигурно се, но констатацијата на Луис Фиго е најточната на сите времиња:

На некои играчи им требаат други за да бидат големи, додека на Роналдо му треба само топката. – изјави некогашната португалска седумка, за последната португалска седумка.

Кристијано Роналдо никогаш не очекувал помош од никого на теренот и отсекогаш ги носел своите екипи кон височините, никогаш не се криел од неуспехот и не се затскривал зад соиграчите, туку секогаш истрчувал прв во секоја ситуација без разлика колку е таа комплицирана или тешка, преземајќи одговорност на себе.

Дали и за другите големи играчи може да се каже истото?