Фудбал

ГАЗДИТЕ НА ПСЖ ГО КУПУВААТ ТОТЕНХЕМ

Претседателот на францускиот, одржал состанок со првиот човек на англискиот клуб, на кој наводно била договорена соработка. Се работи за малцински пакет на акции во клубот од лондон, кој би требало да биде откупен од страна на сопствениците на ПСЖ.

Преговорите меѓу двете страни се уште се во почетна фаза, поради што не се исклучува евентуална опција Насер Ел-Келаифи да инвестира во други англиски клубови, ако по разговорите со Даниел Леви, не се „погоди“ и со раководството на Тотенхем.

Споменатата е најсериозната опција за Катар Груп Инвестментс и би било интересно да се види колкава ќе биде и до каде ќе оди, инвестицијата што би легнала на сметката на „заспаниот џин“ од северниот дел на англиската престолнина.