Фудбал

КОЈ СТАДИОН ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СЕ ВИКА „ПЕЛЕ“?

Џани Инфантино најави дека ќе побара од секоја држава (членка на ФИФА?), да именува еден стадион со името на најславниот фудбалер во историјата на прекрасната игра, која ги окупира и најскриените делови на нашата планета.

Тоа би требало да е искористен и репрезентативен објект, за да не зјае празен и да не го валка името на великанот на фудбалот. Кој е вашиот предлог за стадион во Македонија, што би требало да го носи името на оваа легенда?